ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА ГАС УНИШТЕНИ НЕКОЛКУ ЗГРАДИ НА СИЦИЛИЈА, НАЈМАЛКУ ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ

    ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА ГАС УНИШТЕНИ НЕКОЛКУ ЗГРАДИ НА СИЦИЛИЈА, НАЈМАЛКУ ТРОЈЦА ЗАГИНАТИДесетина станари се водат како исчезнати (Фото: Твитер)

    Најмалку три лица загинаа откако се урнаа неколку згради во градот Равануза на Сицилија по експлозија на гас, Властите стравуваат дека бројот на жртвите би можел да расте, зашто десетина станари се водат како исчезнати. Италијанската новинска агенција АНСА објави дека експлозијата погодила шест згради, од кои две се целосно урнати.

    „Две лица се извлечени живи од урнатините“, изјави капетанот на пожарникарите Џузепе Мерендино.

    Очевидците велат дека зградите се запалиле откако експлодирале цевки за природен гас. Околу 250 спасувачи сѐ уште пребаруваат по урнатините, во што се вклучени и кучиња и дронови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира