ВО ФРАНЦИЈА СПАСЕНО ДЕВЕТГОДИШНО МОМЧЕ КОЕ ГОДИНА И ПОЛ ЖИВЕЕЛО ЗАКЛУЧЕНО ВО КОМБЕТО НА ТАТКО МУ

    ВО ФРАНЦИЈА СПАСЕНО ДЕВЕТГОДИШНО МОМЧЕ КОЕ ГОДИНА И ПОЛ ЖИВЕЕЛО ЗАКЛУЧЕНО ВО КОМБЕТО НА ТАТКО МУПолицијата добила дојава од сосед дека звуци на дете доаѓаат од комбе во селото Хагенбах (Фото: Гети)

    Деветгодишно момче било спасено оваа недела откако живеело заклучено во комбето на својот татко во источна Франција од 2024 година. Детето е хоспитализирано, а неговиот татко е приведен. Полицијата реагирала откако добила дојава од сосед дека звуци на дете доаѓаат од комбе во селото Хагенбах во близина на границите на Швајцарија и Германија, изјави обвинителот Николас Хајц.

    Откако насилно го отвориле комбето, полицајците пронашле дете како лежи голо, покриено со ќебе, врз куп ѓубре и близу измет. Детето очигледно било неухрането и не можело да оди, бидејќи долго време било во седечка положба“, се вели во соопштението.

    Таткото на момчето им кажал на истражителите дека го ставил детето во комбето во ноември 2024 за да го заштити, бидејќи неговата партнерка сакала да го испрати во психијатриска болница. Момчето во тоа време имало седум години.

    Обвинителот Хајц рече дека нема медицинско досие дека момчето имало какви било психијатриски проблеми пред да исчезне и дека имало добри оценки во училиште. Момчето им кажало на истражителите дека имало големи тешкотии со партнерката на татко му и сметало дека тој немал друг избор освен да го затвори. Детето рекло дека не се истуширало од 2024.

    Таткото добил прелиминарно обвинение за киднапирање и други обвиненија и бил задржан во притвор. Неговата партнерка негирала дека знаела дека момчето било во комбето, според обвинителот. Таа била ослободена под судски надзор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира