ВО ГЕРМАНИЈА ИЗГОРЕ НОВА ПРОТИВПОЖАРНА СТАНИЦА ВРЕДНА ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА, НЕМАЛА АЛАРМ ЗА ПОЖАР

    ВО ГЕРМАНИЈА ИЗГОРЕ НОВА ПРОТИВПОЖАРНА СТАНИЦА ВРЕДНА ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА, НЕМАЛА АЛАРМ ЗА ПОЖАРГрадот Штадталендорф гордо ја отвори станицата пред повеќе од една година (Фото: АП)

    Современа противпожарна станица во западна Германија која чинела десетици милиони евра изгоре до темел зашто не била опремена со противпожарен аларм.

    Градот Штадталендорф гордо ја отвори станицата пред повеќе од една година, но таа сега целосно изгоре откако огнот брзо се проширил од едно возило на целата зграда. Околу 170 пожарникари учествувале во гаснењето, додека пламен од десет метри излегувал од покривот.

    Никој не бил повреден, но биле уништени десет противпожарни возила. Дополнително било утврдено дека зградата немала противпожарен аларм зашто тоа не било законска обврска.

    Ова е ноќна мора за пожарникар. Никој не сака да ја гаси својата противпожарна станица“, изјави локалниот инспектор за пожари Ларс Шефер, додавајќи дека штетата се проценува на 20-24 милиони евра.

    Кога станицата беше отворена, од локалните медиуми беше опишана како модерна, иновативна и најсовремена. Но, Шефер рече дека станицата не била законски обврзана да има аларм за пожар бидејќи припаѓа на локална општина и била класифицирана како зграда за чување опрема, а не како противпожарна станица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира