ВО ГЕРМАНИЈА УАПСЕНИ ДВАЈЦА МАЖИ КОИ ШПИОНИРАЛЕ ЗА РУСИЈА И СПРЕМАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ БАЗИ

    ВО ГЕРМАНИЈА УАПСЕНИ ДВАЈЦА МАЖИ КОИ ШПИОНИРАЛЕ ЗА РУСИЈА И СПРЕМАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ БАЗИПо САД, Германија е вториот најголем донатор на воена помош за Украина (Фото: Гети)

    Во германската сојузна покраина Баварија се уапсени двајца мажи осомничени дека сакале да саботираат германска воена помош за Украина. Опишани како германско-руски државјани, двајцата мажи биле уапсени во Бајројт под сомнение дека шпионирале за Русија.

    „Двајцата се обвинети дека извидувале потенцијални мети, вклучувајќи американски воени објекти во Германија. Првообвинетиот Дитер С. е осомничен за низа кривични дела, како поставување експлозив, подметнување пожар и одржување контакт со руското разузнавање“, кажаа обвинителите.

    Тој исто така е обвинет дека се борел за проруските милиции во источна Украина од 2014 до 2016.

    По САД, Германија е вториот најголем донатор на воена помош за Украина и од почетокот на руската инвазија има дадено околу 28 милијарди евра.

    Според обвинителите, од октомври минатата година Дитер С. разговарал со својот руски контакт за потенцијални саботажи во Германија, во обид да се поткопа поддршката за Украина. Тој и Александер Ј. подготвувале напади со експлозивни и запаливи средства врз воена и индустриска инфраструктура, снимале фотографии и видеа и му пренесувале информации на рускиот контакт.

    Меѓу шпионираните локации биле американски воени бази во Баварија, каде што САД испратија десетици тенкови „абрамс“ што потоа требаше да одат во Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира