ВО ХРВАТСКА 74 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ЗА ЕДЕН ДЕН, ПРЕМИЕРОТ ПЛЕНКОВИЌ ОБЈАВИ ДЕКА ИМАЛ ПОЗИТИВЕН ТЕСТ

    ВО ХРВАТСКА 74 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ЗА ЕДЕН ДЕН, ПРЕМИЕРОТ ПЛЕНКОВИЌ ОБЈАВИ ДЕКА ИМАЛ ПОЗИТИВЕН ТЕСТПленковиќ од саботата беше во самоизолација откако неговата сопруга имаше позитивен тест (Фото: ЕПА)

    Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ објави дека е позитивен на коронавирус, додека земјата го бележи најсмртоносниот ден од почетокот на епидемијата.

    Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 1.830 нови случаи на зараза, како и 74 починати од ковид-19, што е убедливо најмногу во еден ден досега.

    „На препорака на епидемиолозите, премиерот Пленковиќ денеска повторно се тестираше и резултатот беше позитивен“, изјави портпаролот на владата.

    Тој веќе се наоѓаше во самоизолација откако во саботата неговата сопруга имаше позитивен тест и од владата додадоа дека се чувствува добро и дека своите обврски ќе ги извршува од дома.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира