ВО ХРВАТСКА ОД 1 ЈАНУАРИ ЌЕ СЕ СЛУЖИ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВОЕН РОК ОД ДВА МЕСЕЦА

    ВО ХРВАТСКА ОД 1 ЈАНУАРИ ЌЕ СЕ СЛУЖИ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВОЕН РОК ОД ДВА МЕСЕЦАВоениот рок од два месеца треба да се состои од темелна пешадиска обука (Фото: хрватска војска)

    Хрватска враќа задолжителен воен рок, што ќе стапи на сила на 1 јануари. Министерот за одбрана Иван Анушиќ изјави дека воениот рок ќе трае два месеца.

    Воениот рок ќе трае два месеца. Мислам дека ќе имаме многу подобра, посилна и поквалитетна слика на вооружените сили од досега. Ставот на владата е дека нема простор за штедење кога станува збор за вооружените сили на Хрватска“, изјави Анушиќ.

    Хрватска никогаш не го укина воениот рок, туку го замрзна во 2008, со што во земјата веќе постојат законодавство и пракса според која обуката се одвиваше порано.

    Воениот рок од два месеца треба да се состои од темелна пешадиска обука и регрутите нема дополнително да се праќаат на специјалистичка обука во одделни родови на војската. Во Хрватска, два месеца трае и доброволната воена обука, па се очекува овој модел да се преслика и во задолжителното служење.

    Оние воени обврзници кои ќе се повикаат на совеста и ќе одбијат да служат воен рок, ќе мора да служат цивилно, што би можело да трае двојно подолго.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира