ВО ИРАК СЕ УРНА АМЕРИКАНСКИ ВОЕН АВИОН, ФРАНЦУСКИ ВОЈНИК ЗАГИНА ВО НАПАД СО ДРОНОВИ

    ВО ИРАК СЕ УРНА АМЕРИКАНСКИ ВОЕН АВИОН, ФРАНЦУСКИ ВОЈНИК ЗАГИНА ВО НАПАД СО ДРОНОВИЕден американски функционер изјави дека во инцидентот учествувале два авиона за полнење гориво „КЦ-135“ (Фото: АП)

    Американски воен авион за полнење гориво се урна во западен Ирак, во инцидент во кој бил вклучен уште еден авион. Централната команда на американската војска кажа дека авионот не бил соборен од пријателски или непријателски оган. Засега нема официјална потврда колку луѓе имало во авионот и дали има преживеани.

    Инцидентот се случи во пријателски воздушен простор за време на операцијата ‘Епски бес‘. Во тек е спасувачка операција. Другиот авион безбедно слета“, соопшти американската војска.

    Еден американски функционер изјави дека во инцидентот учествувале два авиона „КЦ-135“ и дека во авионот што паднал имало најмногу шест луѓе. Милитантната група Исламски отпор во Ирак ја презеде одговорноста за уривањето на авионот.

    Војната на Блиски Исток ја однесе и првата француска жртва. Претседателот Емануел Макрон потврди дека еден француски војник загинал во напад со дронови во ирачкиот регион Ербил, а уште шест биле повредени. Француската војска кажа дека тие биле на противтерористичка обука, а неколку часа порано била нападната и италијанска база во регионот.

    Овој напад врз нашите сили кои се вклучени во борбата против ИСИС од 2015 година е неприфатлив. Присуството на француските војници во Ирак е строго во рамките на борбата против тероризмот. Војната во Иран не може да ги оправда таквите напади“, рече Макрон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира