ВО КАНАДА УРНАТИ СТАТУИ НА БРИТАНСКИ КРАЛИЦИ ПО ОТКРИВАЊЕТО НА НОВИ ГРОБОВИ НА ДОМОРОДНИ ДЕЦА

    ВО КАНАДА УРНАТИ СТАТУИ НА БРИТАНСКИ КРАЛИЦИ ПО ОТКРИВАЊЕТО НА НОВИ ГРОБОВИ НА ДОМОРОДНИ ДЕЦАСтатуата на кралицата Викторија беше урната на Денот на Канада

    Демонстранти ја урнаа статуата на британската кралица Викторија во Винипег, откако деновиве во Канада беа пронајдени уште стари неозначени гробови на домородни деца, чија бројка се искачи на повеќе од 1.200. Тие бутнаа и помала статуа на актуелната кралица Елизабета Втора.

    Ова се случи на Денот на Канада, кога во земјата се одбележува основањето на земјата во 1867 година. Неодамнешните откритија на гробовите на домородни деца на местата на некогашни училишта ги засилија повиците за откажување на прославите на овој национален празник. Британската влада го осуди уривањето на двете статуи.

    Повеќе од 150.000 домородни деца биле одземени од нивните семејства во 19. и 20. век и сместени во училишта со цел да бидат присилно асимилирани. Се проценува дека 6.000 деца починале додека учеле во овие училишта, живеејќи во многу лоши услови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира