ВО КИНА СЕ ШИРАТ ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ КОВИД МЕРКИТЕ, ВО ШАНГАЈ СЕ БАРАШЕ ОСТАВКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ШЈИ

    ВО КИНА СЕ ШИРАТ ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ КОВИД МЕРКИТЕ, ВО ШАНГАЈ СЕ БАРАШЕ ОСТАВКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ШЈИСтотици луѓе излегоа на улиците на Шангај за да го изразат незадоволството од ковид ограничувањата (Фото: АП)

    Во Кина се засилуваат протестите против ковид мерките, кои почнаа по пожарот во станбена зграда во градот Урумки, при што загинаа десет луѓе. Протестите се шират и на други градови, при што во Шангај стотици луѓе излегоа на улиците за да им оддадат почит на жртвите и да го изразат незадоволството од ковид ограничувањата.

    Голем број луѓе побараа оставка од претседателот Шји Џинпинг.

    Многумина сметаат дека пожарот во зградата избил поради воведениот карантин, што кинеските власти го демантираат. Локалната власт на Урумки се извини за пожарот и вети дека ќе ги казни сите кои не ја исполниле својата должност.

    Во Шангај се палеа свеќи и се оставаа цвеќиња за жртвите, додека некои бараа оставки од Шји и Комунистичката партија, што е невообичаена глетка за Кина, каде што критикувањето на владата и претседателот може да резултира со жестоки казни.

    Речиси три години од почетокот на пандемијата, Кина продолжи да се придржува до својата нулта ковид политика, додека најголемиот дел од светот се обидува да живее со вирусот и ги укина сите ограничувања. Во Кина вчера биле регистрирани речиси 40.000 нови случаи на коронавирус.

    Властите кажаа дека постепено ќе го враќаат јавниот превоз во Урумки, чии четири милиони жители живеат во еден од најдолгите карантини во Кина досега, при што веќе 100 дена им е забрането да излегуваат од дома.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира