ВО КИНА СЕ УРНА АВИОН СО 133 ЛУЃЕ

    ВО КИНА СЕ УРНА АВИОН СО 133 ЛУЃЕАвионот на „Чајна истерн ерлајнс“ летал од Кунминг кон Гвангжу

    Авион во кој имало 133 луѓе се урна утрово во планините во јужниот кинески регион Гвангши, објавија државните медиуми, додавајќи дека на местото на падот е видлив оган. Спасувачките екипи се упатени кон местото на несреќата, а бројот на жртвите не е познат.

    Според локалните медиуми, шест години стариот авион „боинг 737-800“ на компанијата „Чајна истерн ерлајнс“ летал од Кунминг кон Гвангжу.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира