ВО ЛОС АНЏЕЛЕС ВОВЕДЕН ДЕЛУМЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС ПОРАДИ ПРОТЕСТИТЕ КОИ СЕ ШИРАТ НИЗ САД, И ТЕКСАС ЈА АКТИВИРАШЕ НАЦИОНАЛНАТА ГАРДА

    ВО ЛОС АНЏЕЛЕС ВОВЕДЕН ДЕЛУМЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС ПОРАДИ ПРОТЕСТИТЕ КОИ СЕ ШИРАТ НИЗ САД, И ТЕКСАС ЈА АКТИВИРАШЕ НАЦИОНАЛНАТА ГАРДА

    Полицијата на Лос Анџелес објави дека почнала да врши масовни апсења откако во делови од градот почна полициски час, што го прогласи градоначалничката Карен Бас. Таа кажа дека протестите против рациите на имигранти се ограничени на само пет улици во центарот, но сепак воведе локална вонредна состојба и делумен полициски час за да се спречат насилства и грабежи.

    Повеќе групи продолжуваат да се собираат, иако во сила е полициски час. Поради тоа, започнати се масовни апсења“, соопшти полицијата.

    Полицискиот час се однесува на дел од градот од само 2,5 квадратни километри, каде што се одржуваат протести од петокот и не важи за оние кои живеат тука.

    Во градот почнаа да пристигнуваат маринци по наредба на Доналд Трамп, за да ѝ помогнат на Националната гарда во заштитата на федерални објекти и персонал. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, го обвини Трамп дека ги разгорува протестите.

    Испраќањето на обучени војници на улиците е без преседан и ја загрозува суштината на нашата демократија. Трамп избра ескалација, тој не ги штити нашите заедници, туку ги трауматизира“, кажа Њусом.

    Планирано е да бидат распоредени 700 маринци и 4.000 гардисти, од кои досега пристигнале 2.100.

    Протестите се шират низ САД и ноќеска почнаа и во Њујорк, Атланта, Чикаго, Филаделфија, Далас, Остин и Сан Франциско. Гувернерот на Тексас, Грег Абот, исто така ја повика Националната гарда напомош.

    Националната гарда на Тексас ќе биде распоредена на локации низ државата за да обезбеди мир и ред. Мирен протест е легален. Повредување на лице или имот е незаконско и ќе доведе до апсење. Гардата на Тексас ќе ги користи сите алатки и стратегии за да помогне во одржувањето на редот“, напиша Абот на Икс.

    Трамп ги нарече демонстрантите „животни“ и „странски непријател“ и кажа дека ја остава отворена можноста да се повика на Законот за бунт, кој го овластува претседателот да распореди воени сили внатре во САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира