ВО МАЛТА СЕ УРНА АВИОН НА ЕВРОПСКАТА ГРАНИЧНА АГЕНЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:33:"Луга,Индепендент)

    ВО МАЛТА СЕ УРНА АВИОН НА ЕВРОПСКАТА ГРАНИЧНА АГЕНЦИЈА

    Најмалку пет луѓе загонаа откако мал авион со официјални лица од граничната агенција на ЕУ се урна во Малта, јави „Тајмс оф Малта“ повикувајќи се на очевидци.

    Несреќата се случила во 7.20 часот при полетување од аеродромот во Луга, кога авионот одеднаш се навалил на десната страна и се струполил кон земјата.

    На аматерски снимки се гледаат остатоци од авионот како горат на земјата и црн чад.

    Се верува дека нема преживеани.

    Авионот требало да лета кон Мисрата во Либија. Нема официјална потврда за националностите на жртвите.

    Сите полетувања и слетувања на меѓународниот аеродром во Луга се откажани. Летовите кон Малта се пренасочени кон аеродромите во Италија, на Сицилија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира