ВО НАПАД СО МЕЧ УБИЕНИ ДВАЈЦА И ПОВРЕДЕНИ ПЕТМИНА ВО КВЕБЕК

    ВО НАПАД СО МЕЧ УБИЕНИ ДВАЈЦА И ПОВРЕДЕНИ ПЕТМИНА ВО КВЕБЕКПолицијата го уапси осомничениот за нападот во 1 часот по полноќ и утре ќе биде сослушан во суд преку видеоконференциска врска. (Фото: ЦП)

    24-годишник од Монтреал е осомничен дека со меч убил двајца и тешко повредил уште петмина во Квебек Сити, Канада, ноќта помеѓу саботата и неделата, соопшти локалната полиција. Тој носел средовековни алишта и напаѓал случајни минувачи на Ноќта на вештерките.

    „Сè води кон тоа да веруваме дека неговите мотиви се од лична природа. Досега не откривме никаква поврзаност со терористичка организација“, кажа Роберт Пиџн, шеф на полицијата во Квебек Сити.

    Осомничениот е уапсен во 1 часот по полноќ по локално време и утре ќе биде сослушан во суд преку видеоконференциска врска.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира