ВО НОВ ЗЕЛАНД ОД ДЕНЕСКА ВЕЌЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ КУПИ ПОЛУАВТОМАТСКО ОРУЖЈЕ

    ВО НОВ ЗЕЛАНД ОД ДЕНЕСКА ВЕЌЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ КУПИ ПОЛУАВТОМАТСКО ОРУЖЈЕПеточниот напад во Крајстчрч засекогаш го промени Нов Зеланд (Фото: АП)

    Нов Зеланд ќе ги забрани сите видови на полуавтоматско оружје и воени пушки по терористичкиот напад во Крајстчрч, во кој минатиот петок беа убиени 50 луѓе, објави премиерката Џасинда Ардерн.

    Таа изјави дека очекува новиот закон да биде донесен до 11 април.

    „Во кратки црти, сите видови полуавтоматско оружје, какво што беше употребено во петочниот напад, ќе бидат забранети во нашата земја. Нашата историја се промени засекогаш со тој напад, сега ќе ги промениме и законите“, изјави Ардерн.

    Забраната за продажба на ваков тип оружје стапува на сила уште денеска, а оние кои веќе го поседуваат, ќе бидат компензирани, односно ќе биде откупено од нив за сума меѓу 100 и 200 долари.

    Нов Зеланд има помалку од пет милиони жители, но се проценува дека во земјата има до 1,5 милиони парчиња огнено оружје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира