Украинските власти кажаа дека пронашле докази за масовна гробница во североисточниот град Изјум, кој неодамна беше ослободен од руските сили. Шефот на регионалната полиција Володимир Тимошко изјави дека гробницата можеби содржи над 400 тела.
„Русија остави смрт насекаде“, кажа претседателот Володимир Зеленски, потсетувајќи и на други масовни гробници низ земјата.
Украина и западните сојузници веќе ја обвинија Русија за воени злосторства, што Москва ги негира.
Нејасно е што се случило со жртвите, но се верува дека многумина можеби починале во бомбардирањата или поради недостиг на медицинска грижа. Тимошко кажа дека ексхумациите ќе почнат денеска за да се добие појасна слика за бројот на жртвите во градот, кој беше под руска окупација повеќе од пет месеци.
„Сакаме светот да знае што навистина се случува и што донесе руската окупација. Буча, Мариупол и сега Изјум“, кажа Зеленски.
Голем дел од Изјум е руина, а властите велат дека се уништени и 80% од граската инфраструктура. Изјум и други градови во харкивскиот регион беа ослободени во неодамнешната брза противофанзива на украинската војска.