Најмалку 13 лица загинаа и шестмина се повредени во пожар за време на роденденска забава во северниот француски град Руан, јави АФП.
Пожарот започнал од свеќичките на роденденската роденденска торта околу полноќ во ноќта помеѓу сабота и недела. Се запалил таванот од подрумот каде што била забавата. Таванот бил од стиропор.
Истрагата е во тек, но тероризам се отфрла како предизвикувач на трагедијата.