ВО САД ИЗВРШЕНА ПРВАТА СМРТНА КАЗНА СО СТРЕЛАЊЕ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 15 ГОДИНИ

    ВО САД ИЗВРШЕНА ПРВАТА СМРТНА КАЗНА СО СТРЕЛАЊЕ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 15 ГОДИНИПогубувањето на Бред Сигмон беше проследено со протести против смртната казна (Фото: АП)

    Во САД е стрелан маж од Јужна Каролина обвинет дека до смрт ги претепал родителите на својата бивша девојка, што е прво извршување на смртна казна на овој начин во земјата во последните 15 години. Бред Сигмон бил стрелан ноќеска од тројца анонимни доброволци од државниот затворски систем, кои пукале во неговите гради со специјално направени куршуми.

    Сигмон (67) бил осуден за бруталното убиство на Дејвид и Гледис Ларки во 2001, кои ги претепал со бејзбол палка, пред да ја киднапира нивната ќерка, а негова бивша девојка. Таа успеала да избега додека Сигмон пукал кон неа.

    Сигмон самиот побарал да биде погубен со стрелање, што е еден од трите одобрени методи во Јужна Каролина. На погубувањето присуствувале и тројца членови на семејството Ларки.

    Сигмон беше врзан за столче, а под него имаше леген за собирање крв. По неговата завршна изјава му беше ставена качулка на главата. Кон него беше пукано од речиси пет метри без одбројување“, изјави еден очевидец.

    Од 1977, во САД се извршени само три смртни казни со стрелање, сите во Јута, од кои последната во 2010.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира