ВО ШВЕДСКА ОТКРИЕН ПРВИОТ СЛУЧАЈ НА ПООПАСНИОТ ВИД НА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ НАДВОР ОД АФРИКА

    ВО ШВЕДСКА ОТКРИЕН ПРВИОТ СЛУЧАЈ НА ПООПАСНИОТ ВИД НА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ НАДВОР ОД АФРИКАМпокс има симптоми на грип, создава лезии на кожата и може да биде смртоносен (Фото: АП)

    Шведските здравствени власти го пријавија првиот случај на поопасниот тип на мајмунски сипаници надвор од Африка. Тие велат дека пациентот се заразил за време на престојот во област во источна Африка каде што моментално има големо ширење на вирусот, што Светската здравствена организација (СЗО) сега го нарекува мпокс.

    Ова доаѓа откако СЗО го прогласи ширењето на мајмунските сипаници во делови на Африка за здравствена криза од меѓународна загриженост.

    Најмалку 450 луѓе починале во текот на првото ширење на вирусот во Демократска Република Конго, по што болеста се прошири низ централна и источна Африка.

    Заразеното лице побарало помош во областа на Стокхолм и ова не значи дека постои ризик за пошироката популација“, изјави Оливија Вигзел, шефицата на шведската Агенција за јавно здравје,

    Мпокс се пренесува преку близок контакт, како секс, допир кожа на кожа и зборење или дишење близу заразено лице. Има симптоми на грип, создава лезии на кожата и може да биде смртоносен. Стапката на смртност е четири на 100 случаи. Вирусот е вообичаен за тропските дождовни шуми во западна и централна Африка, каде што секоја година има илјадници заразени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира