ВО СИДНЕЈ ЕВАКУИРАНА НОВА ЗГРАДА ОД 165 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД СТРАВ ДЕКА МОЖЕ ДА СЕ УРНЕ

    ВО СИДНЕЈ ЕВАКУИРАНА НОВА ЗГРАДА ОД 165 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД СТРАВ ДЕКА МОЖЕ ДА СЕ УРНЕКулата „Опал“, која има 392 станови и деловни простори, беше завршена во август (Фото: ААП)

    Жителите на 36-катна зграда во Олимпискиот парк во Сиднеј биле евакуирани откако се слушнале звуци на пукање во новоотворениот комплекс.

    Околу 3.000 жители на кулата „Опал“ ја поминале ноќта во евакуациски центар од страв дека таа би можела да се урне.

    „Инженери и пожарникари ќе ја поминат божиќната ноќ во зградата за да се испита голема пукнатина на десеттиот спрат. Тие треба да утврдат дали зградата е безбедна и да го пронајдат изворот на пукањето. Тоа не може да се заврши за неколку минути, но се надеваме дека нема трае подолго од неколку часови“, кажа Грег Рајт, инспектор во противпожарниот оддел на Сиднеј.

    Жителите почнале да ја напуштаат зградата во утринските часови, кога на полицијата ѝ кажале дека слушнале загрижувачко пукање во структурата. Полицијата нареди евакуација и на неколку околни згради и го запре железничкиот сообраќај во областа.

    Кулата „Опал“ има 392 станови и деловни простори и нејзината изградба чинела 165 милиони долари.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари