ВО СОФИЈА УБИЕН ЕДЕН ОД НАЈПОЗНАТИТЕ БУГАРСКИ БИЗНИСМЕНИ АЛЕКСЕЈ ПЕТРОВ

    ВО СОФИЈА УБИЕН ЕДЕН ОД НАЈПОЗНАТИТЕ БУГАРСКИ БИЗНИСМЕНИ АЛЕКСЕЈ ПЕТРОВПетров претходно двапати беше цел на атентат. (Фото: БНР/принтскрин)

    Контроверзниот бугарски бизнисмен Алексеј Петров е убиен денеска во Софија, објави БНР. Убиена е и неговата долгогодишна партнерка Ива Павлова. Според првичните информации, двајцата биле застрелани со пушка.

    Роден во 1962 година, Петров е поранешен член на специјална антитерористичка единица, а по заминување од единицата почнал приватен бизнис. Познат е како сопственик на осигурителната компанија „Аполо и Балкан“. Беше еден од обвинетите во случајот „Октопод“ за рекет и изнуда, но беше ослободен.

    Петров претходно двапати беше цел на атентат. Во 2002 година беше застрелан во градите и ногата, а во 2015 година неуспешно беше гаѓан со граната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира