ВО СРБИЈА УАПСЕНИ ШЕСТ ЛИЦА КОИ ПРОДАВАЛЕ ЛАЖНИ ПЦР ТЕСТОВИ ЗА КОВИД-19

    ВО СРБИЈА УАПСЕНИ ШЕСТ ЛИЦА КОИ ПРОДАВАЛЕ ЛАЖНИ ПЦР ТЕСТОВИ ЗА КОВИД-19На српските државјани за влез во Македонија им треба негативен ПЦР тест за ковид-19 (Фото: СДК.МК)

    Српското Обвинителство за организиран криминал објави дека се приведени шест лица под сомнение дека фалсификувале лични документи и продавале лажни ПЦР тестови за ковид-19.

    Како што соопшти Обвинителството, оваа криминална група оперирала во Србија од јануари годинава и во меѓувреме продала десетици лажни ПЦР тестови. За изработка на фалсификувани документи таа наплатувала меѓу 100 и 800 евра.

    „Се прават претреси на повеќе локации, по што осомничената криминална група ќе биде приведена заради сослушување“, соопшти Обвинителството за организиран криминал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира