ВО СУДАН ПОЧНА 72-ЧАСОВНО ПРИМИРЈЕ ДОГОВОРЕНО ПО ДВА ДЕНА ПРЕГОВОРИ

    ВО СУДАН ПОЧНА 72-ЧАСОВНО ПРИМИРЈЕ ДОГОВОРЕНО ПО ДВА ДЕНА ПРЕГОВОРИБројни држави брзаа да ги евакуираат своите дипломати и други луѓе од земјата (Фото: ДПА)

    Во Судан стапи на сила 72-часовно примирје, по неколку дена жестоки борби помеѓу двете завојувани војски, што доведе и до егзодус на странските дипломати од земјата. Ова е трет прогласен прекин на насилствата досега, но за разлика од првите два, информациите велат дека сега се почитува.

    Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, синоќа кажа дека по 48-часовни преговори бил постигнат договор за тридневно примирје помеѓу регуларната војска на Судан и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ), кои се борат за превласт. Најмалку 400 луѓе загинаа од ненадејниот почеток на борбите на 15 април.

    Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутерес, изјави дека насилството во Судан може да предизвика катастрофален пожар, кој би можел да го зафати целиот регион, па и пошироко. САД предупредија дека во Судан се појави недостиг на лекови, храна и вода, а исклучен е и интернетот. Во бомбардирањата е оштетена клучната инфраструктура, како цевки за вода, поради што некои луѓе се принудени да пијат од реката Нил.

    Бројни држави во изминатите денови брзаа да ги евакуираат своите дипломати и други луѓе од земјата, додека САД ја опишуваат ситуацијата како многу предизвикувачка.

    Од пучот во 2021, со Судан управуваше воен совет, предводен од двајца генерали кои сега меѓусебно војуваат, Абдел Фатах ал-Буран од регуларните вооружени сили и Мохамед Хамдан Дагало од РСФ. Главната точка на спорот е вклучувањето на 100.000 припадници на РСФ во војската.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира