ВО ВЕЛИГДЕНСКИТЕ НАПАДИ ВО ШРИ ЛАНКА ИМА 207 ЗАГИНАТИ, ЌЕ РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ

    ВО ВЕЛИГДЕНСКИТЕ НАПАДИ ВО ШРИ ЛАНКА ИМА 207 ЗАГИНАТИ, ЌЕ РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИВластите на Шри Ланка велат дека жителите од сите вери заедно работат на спасување (Фото: АП)

    Бројот на жртви во осумте експлозии во цркви и хотели во Шри Ланка се искачи на 207. Нападите се случија за време на религиозните литургии за Велигден, a покрај трите цркви нападнати се хотелите со пет ѕвездички „Шангри-Ла“, „Кингсбери“ и „Синамон гранд“ во срцето на главниот град Коломбо.

    Се очекува дека бројот на жртви уште ќе расте. Меѓу 8-те загинати странци, засега е потврдено дека има државјани на Кина и Португалија.

    Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите.

    Властите на Шри Ланка велат дека жителите од сите вери заедно работат на спасување. Воведен е и полициски час, но и покрај тоа се уште има летови од аеродромот во Коломбо.

    • ОСУМ ЕКСПЛОЗИИ ВО ШРИ ЛАНКА, НАД 150 ЗАГИНАТИ И 560 ПОВРЕДЕНИ ВО НАПАДИТЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ЛИТУРГИИ
    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари