ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА РОДЕНО ПРВОТО БЕБЕ СО ДНК ОД ТРОЈЦА ЛУЃЕ

    ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА РОДЕНО ПРВОТО БЕБЕ СО ДНК ОД ТРОЈЦА ЛУЃЕДосега се родени помалку од пет бебиња на овој начин, но детали не се објавени (Фото: Гети)

    Во Велика Британија е родено првото бебе кое содржи ДНК на тројца луѓе. Најголемиот дел од ДНК доаѓа од родителите на бебето, а околу 0,1% од донаторка.

    Оваа пионерска техника е обид да се спречи децата да се раѓаат со уништувачки митохондријални болести. Тие се неизлечиви и можат да бидат фатални неколку дена, па и неколку часа по раѓањето. Некои семејства имаат изгубено неколку деца, па оваа техника се смета за нивна единствена шанса да имаат здраво дете.

    Досега се родени помалку од пет бебиња на овој начин, но детали не се објавени.

    Митохондрии се ситните прегради во секоја клетка на телото кои ја претвораат храната во употреблива енергија. Дефектните митохондрии не успеваат да го хранат телото, што доведува до оштетување на мозокот, слабеење на мускулите, срцеви проблеми и слепило.

    Тие се пренесуваат само преку мајката. Сепак, митохондрија има своја сопствена ДНК, па со помош на оваа техника, децата ја наследуваат ДНК од своите родители, но и многу мал дел од донорот и така се постигнува трајна промена што ќе се пренесува низ генерации. ДНК на донаторот е релевантна само за создавање ефективни митохондрии, па затоа не се смета за трет родител.

    Оваа техника беше развиена во Њукасл и првото дете е родено на овој начин во САД во 2016.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира