Доналд Трамп го избра Пит Хегсет за нов министер за одбрана на САД, изненадувајќи ги Пентагон и пошироката одбранбена заедница, имајќи предвид дека најголемата и најмоќна војска на светот треба да ја преземе личност без искуство на големата сцена. Хегсет е коментатор на „Фокс њуз“ и воен ветеран кој изразуваше незадоволство од таканаречените „воук“ политики на водачите на Пентагон.
Доколку Хегсет биде потврден од американскиот Сенат, Трамп би можел да го исполни предизборното ветување дека ќе ја ослободи американската војска од генералите кои ги обвинуваше дека водат прогресивна и левичарска политика против која се борат конзервативците.
Четириесет и четиригодишниот Хегсет исто така е скептичен кон НАТО и неговиот избор беше осуден од некои противници на Трамп. Според неговиот сајт, Хегсет служел во Авганистан, Ирак и во кубанскиот залив Гвантанамо и кажа дека ја напуштил војската во 2021 зашто бил деградиран поради неговите политички и верски ставови.
„Пит е цврст, паметен и вистински верува во ‘Америка на прво место‘. Со него на чело, нашата војска повторно ќе биде голема и Америка никогаш нема да попушти“, кажа Трамп.