ВОЈСКАТА ИЗВЕДЕ ПУЧ ВО ГАБОН ЧЕТИРИ ДЕНА ПО СПОРНИТЕ ИЗБОРИ

    ВОЈСКАТА ИЗВЕДЕ ПУЧ ВО ГАБОН ЧЕТИРИ ДЕНА ПО СПОРНИТЕ ИЗБОРИВојниците се појавија на телевизија за да објават дека ги поништуваат резултатите од изборите и дека ги распуштаат сите институции (Фото: АФП)

    Воени офицери објавија на националната телевизија во Габон дека ја презеле власта во земјата. Тие кажаа дека ги поништуваат резултатите од саботните избори, на кои за победник беше прогласен претседателот Али Бонго. Опозицијата тврдеше дека изборите на кои што Бонго освоил околу две третини од гласовите се наместени.

    Соборувањето на Бонго би значел крај на 53-годишното владеење на неговото семејство во западноафриканската држава богата со нафта. Тој дојде на власт по смртта на татко му Омар во 2009 и веќе преживеа еден пуч пред четири години.

    Дванаесетмина војници се појавија на телевизија за да објават дека ги поништуваат резултатите од изборите и дека ги распуштаат сите институции во републиката. Тие исто така кажаа дека ги затвораат државните граници.

    Одлучивме да го браниме мирот така што ќе ставиме крај на сегашниот режим. Неодговорното и непредвидливо управување со земјата резултираше со континуирано нарушување на социјалната кохезија, што ја водеше земјата во хаос“, изјави еден од војниците.

    Новинските агенции објавија дека во главниот град Либревил се слушале и истрели. Владата досега не реагираше на објавата на војниците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира