ВОЈСКАТА ИЗВЕДЕ ПУЧ ВО НИГЕР И ГО ПРИТВОРИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БАЗУМ, КОЈ Е СОЈУЗНИК НА ЗАПАДОТ

    ВОЈСКАТА ИЗВЕДЕ ПУЧ ВО НИГЕР И ГО ПРИТВОРИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БАЗУМ, КОЈ Е СОЈУЗНИК НА ЗАПАДОТВојската ги суспендираше сите институции и ги затвори границите (Фото: АФП)

    Војската на западноафриканската држава Нигер објави на националната телевизија дека извела пуч, при што го укинала уставот, ги суспендирала сите институции и ги затворила границите. Претседателот Мохамед Базум се наоѓа во воен притвор од вчера, при што доби поддршка од САД и Обединетите нации.

    Базум, кој беше демократски избран во 2021, важи за клучен сојузник на западот во борбата против исламистичките милитанти во западна Африка. Во последните години пучеви беа изведени и во соседните земји Буркина Фасо и Мали, чии нови воени лидери ги влошија односите со Франција. Нигер исто така своевремено беше под колонијална власт на Франција.

    За нов шеф на државата се прогласи министерот за надворешни работи Хасуми Масуду.

    „Ние, одбранбените и безбедносните сили одлучивме да ставиме крај на досегашниот режим. Тоа следува по континуираното влошување на безбедносната ситуација и лошото економско и социјално управување. Бараме од сите наши надворешни партнери да не се мешаат“, кажа генерал-полковникот Амаду Абдрамане во ТВ-обраќањето.

    Пучот во Нигер се случува додека западот е загрижен за постојните операции на руската платеничка група „Вагнер“ во Африка, каде што Владимир Путин се обидува да го прошири своето влијание.

    Нигер се бори со две исламистички востанија, покренати од Мали и Нигерија, а во земјата се активни и милитантни групи поврзани со Ал Каеда и Исламска држава,

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира