Повеќемина се повредени во напад во познат ноќен клуб во Истанбул веднаш по полноќ, јавуваат турските телевизии.
Се стравува дека има и загинати откако вооружен напаѓач со пушка влегол во познатиот ноќен клуб Реина во областа Бешикташ и пукал во гостите кои ја прославувале Нова година.
Телевизиите јавуваат дека вооружениот напаѓач се крие во еден од тоалетите.
(За повеќе информации следете не на САКАМДАКАЖАМ.МК и на официјалните Фејсбук и твитер профили.)