ВООРУЖЕНИ СУДИРИ ВО РУСКИОТ РЕГИОН БЕЛГОРОД, УКРАИНА НЕГИРА ВМЕШАНОСТ

    ВООРУЖЕНИ СУДИРИ ВО РУСКИОТ РЕГИОН БЕЛГОРОД, УКРАИНА НЕГИРА ВМЕШАНОСТБорец на „Легија на слободна Русија“ поминува покрај ѕид на кој пишува „Поздрав од Бахмут“. (Фото: Твитер)

    Вооружена група ја помина границата од Украина во рускиот регион Белгород и во судирите се повредени неколку лица, велат руските власти. Локалниот гувернер Вјачеслав Гладков рече дека руските сили се во потрага по „саботери“ кои, како што кажа тој, ја нападнале областа Грајворонски близу границата. Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков кажа дека рускиот претседател Владимир Путин е информиран.

    Украина негираше вмешаност и вели дека руски државјани од две паравоени групи стојат зад упадот на руска територија.

    Гувернерот Гладков кажа дека осум лица се повредени, вклучувајќи две лица кои се однесени во болница. Тој додаде дека во тек е „антитерористичка операција“ во регионот.

    Киев вели дека зад нападот се групите „Легија на слободна Русија“ и „Рускиот доброволен корпус“.

    „Легија на слободна Русија“ е паравоена единица со база во Украина која се залага да го собори од власт Путин. На Твитер профилот на организацијата велат дека целосно ја ослободиле населбата Козинка и дека нивните војници стигнале до градот Грајворон.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира