ВРЕМЕ Е ДА СЕ ОТСТРАНИ РУСКАТА ЗАКАНА ОД ГРЕНЛАНД, КАЖА ТРАМП

    ВРЕМЕ Е ДА СЕ ОТСТРАНИ РУСКАТА ЗАКАНА ОД ГРЕНЛАНД, КАЖА ТРАМПТрамп смета дека само САД можат да го заштитат Гренланд (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека Данска не сторила ништо за да ја отстрани руската закана од Гренланд, додавајќи дека сега е време за тоа. Тој ги засили своите закани за преземање на Гренланд во последно време, при што најави воведување царини за осум европски сојузници кои отворено се противат на тоа.

    НАТО ѝ кажуваше на Данска 20 години дека мора да ја отстрани руската закана од Гренланд. За жал, Данска не беше во можност да направи ништо во врска со тоа“, кажа Трамп.

    Тој инсистира дека САД мора да го поседуваат Гренланд, додека Данска и полуавтономната данска територија велат дека островот не е на продажба.

    Сè поголемото присуство на Кина и Русија го прави Гренланд од витално значење за безбедносните интереси на САД“, додаде Трамп.

    Европската Унија разгледува одмазднички царини за американски стоки, па дури и да ги воведе своите најсериозни економски санкции против САД, додека европските лидери ги критикуваат заканите и уцените од Трамп поради Гренланд.

    „Заканите со царини ги поткопуваат трансатлантските односи и ризикуваат опасна надолна спирала. Ние сме посветени на одржување на нашиот суверенитет“, изјавија лидерите на Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска, земји погодени од новата царина од 10%.

    Францускиот претседател Емануел Макрон побара да се активира моќен инструмент против принуда попознат како „големата базука“, ако Трамп продолжи со своите закани со царини.

    Лидерите на 27-те влади на ЕУ ќе се состанат во наредните денови за да разговараат како да одговорат на заканите на Трамп за анексија на Гренланд, објави синоќа претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста. Еден европски дипломат изјави дека средбата ќе се одржи на 22 јануари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира