ВРХОВНИОТ СУД НА АРИЗОНА ЈА ВРАТИ ВО СИЛА РЕЧИСИ ЦЕЛОСНАТА ЗАБРАНА ЗА АБОРТУС ОД 1864

    ВРХОВНИОТ СУД НА АРИЗОНА ЈА ВРАТИ ВО СИЛА РЕЧИСИ ЦЕЛОСНАТА ЗАБРАНА ЗА АБОРТУС ОД 1864Законот од 1864 предвидува затворска казна од две до пет години за абортус, освен кога животот на мајката е во опасност (Фото: Гети)

    Врховниот суд на Аризона пресуди дека оваа сојузна држава може да спроведе речиси целосна забрана за абортус стара 160 години. Законот од 1864 година, кога Аризона сѐ уште не била сојузна држава на САД, предвидува затворска казна од две до пет години за абортус, освен кога животот на мајката е во опасност.

    Пресудата би можела да ги затвори сите клиники за абортус во Аризона и да влијае врз здравствената заштита на жените и претстојните избори. Гласачите во Аризона би можеле да ја поништат оваа пресуда на референдум во ноември.

    Одлуката уследи по неколкумесечни правни расправии за тоа дали законот би можел да се спроведе по толку години мирување. Многумина тврдеа дека тој е ефективно поништен со државното законодавство, вклучително и закон од 2022 година, кој дозволува абортуси до 15. недела од бременоста. Врховниот суд на Аризона се согласи да го разгледа случајот во август 2023, откако една десничарска адвокатска фирма поднесе жалба против пресудата на понискиот суд, во која се вели дека треба да важи поновиот закон.

    Со 4:2 во гласови, Врховниот суд на Аризона сега донесе одлука дека законот од 1864 може да се спроведе зашто нема федерални или државни заштитни мерки за процедурата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира