ВУЧИЌ НАЈАВИ ЛЕТЕЧКИ АВТОМОБИЛИ ВО СРБИЈА ДО ДЕКЕМВРИ 2026

    ВУЧИЌ НАЈАВИ ЛЕТЕЧКИ АВТОМОБИЛИ ВО СРБИЈА ДО ДЕКЕМВРИ 2026Вучиќ кажа дека летечките автомобили ќе се користат на Експо 2027 во Белград (Фото: Фејсбук)

    Александар Вучиќ изјави дека при посетата на Пекинг имал билатерални средби со повеќе од десет светски лидери, како и со кинески компании заинтересирани за вложување во Србија. Меѓу нив е компанијата „Кспенг“, која се занимава со развојот на летечки автомобили, најавувајќи дека тие ќе бидат претставени во Србија до 1 декември 2026, а ќе се користат на Експо 2027 во Белград.

    Јас му ветив на народот и сите ми се смееја кога зборував за тоа. Очекувам во Кина да добијат дозвола за летечки автомобили, кои сега чинат околу 300.000 долари. Верувам дека до 1 декември следната година ќе можеме да покажеме како функционираат летечки автомобили на територијата на Србија и дека тие ќе се користат на Експо во Белград, како што и ветив“, рече Вучиќ.

    Тој додаде дека Кина бележи неверојатен напредок на сите полиња.

    Бевме на воената парада и можевме да видиме страотен напредок не само на кинеската војска, туку и на кинеските индустрија и технологија“, изјави Вучиќ, кој беше еден од ретките европски лидери на парадата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира