ЗА ВРЕМЕ НА САМИТОТ НА НАТО ВО ХОЛАНДИЈА ЗАБЕЛЕЖАНА ЗГОЛЕМЕНА ПОБАРУВАЧКА НА ЕСКОРТ ДАМИ, ЗА ДВА ЧАСА СЕ ПЛАЌАЛО НАЈМАЛКУ 700 ЕВРА

    ЗА ВРЕМЕ НА САМИТОТ НА НАТО ВО ХОЛАНДИЈА ЗАБЕЛЕЖАНА ЗГОЛЕМЕНА ПОБАРУВАЧКА НА ЕСКОРТ ДАМИ, ЗА ДВА ЧАСА СЕ ПЛАЌАЛО НАЈМАЛКУ 700 ЕВРАВо хотелите каде што беа сместени светските лидери не можело да се влезе без посебна пропусница (Фото: Гети)

    Во холандскиот град Нордвајк била забележена рекордна побарувачка на ескорт дами за време на неодамнешниот самит на НАТО. Сепак, тие не можеле да стигнат до хотелите во кои биле сместени светските лидери поради засилените безбедносни мерки.

    Агенциите за ескорт од Хаг и Ротердам се пожалиле дека не можат да влезат во луксузните хотели во кои биле сместени делегациите на земјите-учеснички. Зое Вијалет, која води агенција за ескорт од Ротердам, кажа дека сите нивни 30 девојки биле целосно резервирани за време на самитот, и покрај почетната цена од 700 евра за два часа.

    „Имавме многу барања, но не можевме да влеземе во хотелите. Очекувавме да биде полесно. Само од еден хотел, пред кој имаше американско знаме, добивме 28 барања. Кога и да има вакви настани или конференции, секогаш има зголемена побарувачка по наши услуги“, кажа Вијалет.

    За време на самитот, Трамп бил сместен во кралската палата во Хаг.

    Во хотелите каде што биле сместени светските лидери не можело да се влезе без посебна пропусница, а околу имаше распоредено огради, бетонски блокови и многу полицајци и војници.

    Вијалет кажа дека клиентите кои нарачале ексорт девојки морале да одат во друг хотел на неколку часа, надвор од обезбедената зона.

    „Некои резервации беа скратени зашто клиентот мораше побрзо да се врати“, кажа Вијалет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира