ЗАБРАНЕТ ВЕСНИКОТ „НОВАЈА ГАЗЕТА“, ЕДЕН ОД ПОСЛЕДНИТЕ НЕЗАВИСНИ МЕДИУМИ ВО РУСИЈА

    ЗАБРАНЕТ ВЕСНИКОТ „НОВАЈА ГАЗЕТА“, ЕДЕН ОД ПОСЛЕДНИТЕ НЕЗАВИСНИ МЕДИУМИ ВО РУСИЈАГлавниот уредник Дмитри Муратов ја опиша пресудата како политички нарачана работа (Фото: АП)

    Судот во Москва ја поништи медиумската лиценца на весникот „Новаја газета“, еден од последните независни медиуми во Русија, со што практички го забрани. Рускиот медиумски регулатор Розкомнадзор го обвини весникот дека не доставил документи поврзани со промената на сопственоста во 2006.

    Главниот уредник на „Новаја газета“, Дмитри Муратов, кој лани доби Нобелова награда за мир, ја опиша пресудата како политички нарачана работа без најмалку законска основа. Тој додаде дека ќе се жалат.

    Обединетите нации кажаа дека ова е уште еден удар врз независноста на руските медиуми.

    „Новаја газета“ беше еден од столбовите на руското новинарство откако беше основан во 1993 година со парите што Михаил Горбачов ги доби со Нобеловата награда за мир. Тој прерасна во водечки руски истражувачки медиум, иако слободите постепено се ограничуваа низ годините.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира