ЗАГИНА БИВШ ПРЕМИЕР НА ДАГЕСТАН, ГО УДРИЛА КОЛА НАДВОР ОД ПЕШАЧКИ ПРЕМИН

    ЗАГИНА БИВШ ПРЕМИЕР НА ДАГЕСТАН, ГО УДРИЛА КОЛА НАДВОР ОД ПЕШАЧКИ ПРЕМИНМагомед Абдулаев ја водеше владата на Дагестан од 2010 до 2013

    Бившиот премиер на руската автономна република Дагестан, Магомед Абдулаев, загина во сообраќајна несреќа во Махачкала. Како што јавуваат руските медиуми, 61-годишниот Абдулаев бил удрен од автомобил кога помиувал улица надвор од пешачки премин.

    Тој беше превезен во болница, каде што им подлегна на тешките повреди“, соопшти министерството за внатрешни работи.

    Абдулаев ја водеше владата на Дагестан од 2010 до 2013 година и на оваа функција беше назначен од тогашниот претседател на Русија, Дмитри Медведев. Абдулаев потоа бил ректор на Универзитетот на Дагестан, кога се нашол под истрага поради злоупотреба на службената должност и исчезнување на 260.000 евра.

    Тој бил член на партијата на Путин, Единствена Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира