ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА РУСКА НАФТЕНА КОМПАНИЈА ПАДНАЛ ОД ПРОЗОРЕЦ И ЗАГИНАЛ

    ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА РУСКА НАФТЕНА КОМПАНИЈА ПАДНАЛ ОД ПРОЗОРЕЦ И ЗАГИНАЛВластите веруваат дека Андреј Бадалов се самоубил (Фото: Росконгрес)

    Потпретседателот на руската државна нафтена компанија „Транснефт“ Андреј Бадалов починал откако паднал од прозорец во својот дом во луксузното московско предградие Рубљовка. „Транснефт“ ја потврди смртта на 62-годишниот Бадалов, но не кажа ништо за околностите.

    Телото на Бадалов било пронајдено под прозорецот од неговиот дом, изјави неименуван извор од полицијата.

    Првичниот заклучок е дека станува збор за самоубиство. Истрагата е во тек“, рекол тој.

    Бадалов ја надгледувал дигиталната трансформација на „Транснефт“ откако дошол на потпретседателската функција во јуни 2021. „Транснефт“ е компанија која го држи монополот врз руските цевководи за нафта.

    Ова е најновиот во низата необјаснети смртни случаи на високи раководители во рускиот енергетски сектор откако земјата ја нападна Украина во февруари 2022. Најмалку четири смртни случаи во 2022 беа поврзани со државниот енергетски гигант „Газпром“, а други вклучуваа раководители од „Новатек“ и „Лукоил“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира