Триесет и две лица загинаа, а 63 се повредени во судир на повеќе возила на околу 132 километри северно од главниот град на Египет Каиро, соопшти Министерството за здравство.
Судирот се случил утрово, а во него учествувале автобус и голем број возила кои се движеле кон Каиро од Александрија на главниот пустински пат во гувернијата Бехеира.
Државниот весник „Ал-Ахрам“, цитирајќи полициски извори, објави дека истекување масло од едно возило го предизвикало судирот со некои возила кои се запалиле. Изгореле 3 автобуси и 10 коли.