Марк Закерберг објави дека неговата компанија „Мета“ ќе вложи стотици милијарди долари во изградба на центри за податоци за вештачка интелигенција. Првиот центар од неколку гигавати наречен „Прометеј“ треба да почне со работа во 2026.
Закерберг кажа дека еден од центрите ќе биде голем речиси колку Менхетн и ќе зафаќа површина од 59 квадратни километри.
„Мета“ наголемо инвестира во напорите да развие таканаречена технологија на суперинтелигенција, за која смета дека ќе биде попаметна од луѓето.
„‘Мета‘ ќе гради неколку повеќегигаватни кластери. Еден од нив наречен ‘Хиперион‘ би можел да се зголеми до пет гигавати во текот на неколку години“, изјави Закерберг.
„Прометеј“ ќе се гради во Њу Албани, Охајо, а „Хиперион“ во Луизијана и се очекува да биде целосно оперативен до 2030 година.
„‘Мета‘ ќе вложи стотици милијарди долари за да изгради суперинтелигенција“, додаде Закерберг.
Центрите за податоци управувани од вештачка интелигенција трошат екстремно многу енергија и вода. Една студија проценува дека овие центри би можеле да консумираат 1,7 трилиони галони вода глобално до 2027 година. Едно барање преку ЧетГПТ може да потроши вода колку едно мало шише купено во продавница.