ЗАМБИЈА БАРА ОДГОВОРИ КАКО НЕЈЗИН СТУДЕНТ ЗАГИНАЛ ВО УКРАИНА ДОДЕКА СЛУЖЕЛ ЗАТВОРСКА КАЗНА ВО РУСИЈА

    ЗАМБИЈА БАРА ОДГОВОРИ КАКО НЕЈЗИН СТУДЕНТ ЗАГИНАЛ ВО УКРАИНА ДОДЕКА СЛУЖЕЛ ЗАТВОРСКА КАЗНА ВО РУСИЈАВо септември, шефот на „Вагнер“ беше снимен како им нуди слобода на руските затвореници кои ќе прифатат да се борат во Украина

    Замбија побара објаснување од Москва како еден нејзин државјанин загинал во Украина борејќи се во редовите на руската војска, додека служел затворска казна во Русија. Дваесет и тригодишниот Лемекани Њиренда, кој бил студент на московскиот Институт за инженерска физика, бил осуден на девет години затвор поради поседување дрога.

    „Бараме од Москва итно да ни достави информации за околностите на смртта на Лемекани Њиренда“, објавија замбиските власти.

    Њиренда загинал уште во септември, но Русија дури сега ја информирала владата на Замбија. Амбасадата на Замбија во Русија соопшти дека телото на Њиренда во меѓувреме било превезено во јужниот пограничен град Ростов.

    „Лемекани повремено работеше како доставувач, кога непознат човек му дал пакет кој содржел дрога. Не знаеме кој го регрутирал во затворот. Добивме порака од човек кој не го знаеме дека нашиот син оставил тестамент и дека треба да одиме во Русија“, изјави таткото на Лемекани, Едвин Њиренда.

    Околностите на неговото пуштање од затвор не се познати, но руската платеничка група „Вагнер“ им нудеше слобода на затворениците кои ќе прифатат да се борат во Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира