Заменик директорот на ФБИ Ендрју Меккејб поднесе оставка, откако претседателот Доналд Трамп го обвини за политичка пристрасност.
Тој беше принуден да се повлече од својата функција два месеца пред официјалното пензионирање, што требаше да се случи во март. Ова уследи само две недели откако Трамп нагласи дека ја сака неговата смена.
Меккејб за кратко стана директор на ФБИ во мај минатата година, откако Трамп го отпушти неговиот претходник Џејмс Коми. Набргу потоа, Трамп за директор го предложи Кристофер Вреј, чие именување беше потврдено од Сенатот во Август. Вреј, пак, неодамна се закани со оставка, бидејќи јавниот обвинител Џеф Сешнс го притискаше да го отпушти Меккејб.
Во еден твит од декември, Трамп призна дека ги брои деновите до заминувањето на Меккејб во пензија.