ЗАМРЗНУВАЊЕТО НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА Е НЕПРИФАТЛИВО ЗА РУСИЈА, КАЖА КРЕМЉ

    ЗАМРЗНУВАЊЕТО НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА Е НЕПРИФАТЛИВО ЗА РУСИЈА, КАЖА КРЕМЉУкраина вчера одбележа илјада дена од почетокот на војната (Фото: АП)

    Замрзнувањето на конфликтот во Украина е неприфатливо за Русија, кажа портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. Коментирајќи ги медиумските написи дека постојат повеќе сценарија за крај на војната, Песков кажа:

    „Ниедно сценарио со замрзнување на конфликтот не ни одговара. Нам ни е важно да ги оствариме нашите цели, кои на сите им се добро познати“.

    „Ројтерс“ претходно објави дека челниците на САД и Русија би можеле наскоро да договорат замрзнување на конфликтот во Украина, што би вклучило утврдени линии на разграничување и размена на територии, конкретно во Курск и Харкив.

    Путин во многу наврати има кажано дека Русија не планира да се откаже од своите територијални добивки во Украина, што ги вклучува Крим, Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје.

    Кремљ исто така како неприфатлив го отфрли турскиот мировен план, предложен од Реџеп Таип Ердоган. Тој, меѓу другото, предвидува замрзнување на постојните линии на фронтот, демилитаризирана зона во Донбас и зајакнување на Украина со оружје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира