ЗАПЛЕНИВМЕ МНОГУ ГОЛЕМ ТАНКЕР ПОКРАЈ БРЕГОТ НА ВЕНЕЦУЕЛА, КАЖА ТРАМП

    ЗАПЛЕНИВМЕ МНОГУ ГОЛЕМ ТАНКЕР ПОКРАЈ БРЕГОТ НА ВЕНЕЦУЕЛА, КАЖА ТРАМПТрамп кажа дека танкерот бил запленет од многу добра причина (Фото: АП)

    САД запленија танкер покрај брегот на Венецуела, објави Доналд Трамп, потег што веројатно ќе ги покачи цените на нафтата и ќе ги зголеми тензиите помеѓу двете земји.

    Тукушто запленивме танкер покрај брегот на Венецуела, голем, многу голем танкер, најголем досега. И други работи се случуваат“, кажа Трамп, додавајќи дека танкерот бил запленет од многу добра причина.

    Тој претходно нареди масовно распоредување на американските сили во регионот, вклучувајќи борбени авиони и десетици илјади војници.

    Тројца американски функционери кажаа дека операцијата ја води крајбрежната стража на САД. Тие не го открија името на танкерот, под чие знаме плови и каде точно се случило запленувањето. Британската група за управување со поморски ризици „Вангард“ соопшти дека се верува оти бил запленет танкерот „Скипер“, против кој САД воведоа санкции поради наводна вмешаност во трговијата со иранска нафта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира