Новиот бразилски претседател Луиз Игнасио Лула да Силва вети дека го извади Бразил од „ерата на уништување“ на неговиот претходник Жаир Болсонаро и ќе почне нова фаза на помирување, заштита на животната средина и социјална, по неговата инаугурација во претседателската палата во Бразилија.
„Тоа беше ера на темнина, несигурност и големо патење… но, овој кошмар е завршен“, кажа Лула за владеењето на десничарот Болсонаро.
Левичарот Лула, поранешен работник во фабрика кој беше претседател на Бразил и од 2003 до 2010 година, вети борба против гладот, за кој рече дека е „најужасниот криминал направен против бразилскиот народ“.
„Жени претражуваат низ отпад да најдат храна за децата. Цели фамилии спијат на отворено, изложени на студ, дожд и страв“, кажа 77-годишниот Лула.
Болсонаро замина за САД во петокот за да не присуствува на инаугурацијата на Лула и одби да ја предаде претседателската лента на својот ривал како што е демократската традиција.