ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ ПОТПИШЕ ДОГОВОР СО ФРАНЦИЈА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА УКРАИНСКАТА БОРБЕНА АВИЈАЦИЈА

    ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ ПОТПИШЕ ДОГОВОР СО ФРАНЦИЈА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА УКРАИНСКАТА БОРБЕНА АВИЈАЦИЈАЗеленски пристигна во Париз на разговори со Макрон (Фото: Гети)

    Франција ќе ѝ даде на Украина борбени авиони, противвоздушни системи и проектили, според договорот што денеска треба да го потпишат Володимир Зеленски и Емануел Макрон. Зеленски пристигна во Париз на разговори со Макрон, додека Русија ги засилува воздушните напади врз Украина и офанзивите на истокот и југот на земјата.

    Подготвен е историски договор со Франција. Ќе има значително зајакнување на нашите борбена авијација, противвоздушна одбрана и други одбранбени капацитети“, кажа Зеленски.

    Веќе неколку недели се разговарало како Париз би можел да обезбеди повеќе воена поддршка за Украина, и покрај политичката и буџетската нестабилност во Франција. Макрон минатиот месец вети дека ќе даде повеќе борбени авиони „мираж“ од првично планираните шест и нова пратка проектили и противвоздушни системи. Според два добро упатени извора, Украина би можела да потпише десетгодишен договор за стратешка авијација со Франција, кој во иднина би вклучил и авиони „рафал“. Ова е дел од долгорочните напори на Украина да ја зголеми својата флота на 250 борбени авиони, вклучувајќи ги и американските „Ф-16“ и шведските „грипен“.

    Франција, заедно со Велика Британија, инсистира на создавање коалиција од 30-ина земји кои би испратиле војници и средства во Украина или по нејзините западни граници откако ќе се постигне мировен договор со Русија, која се противи на ова.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира