ЗЕЛЕНСКИ НАЈАВИ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО ВОДСТВОТО НА УКРАИНА, НЕ САМО ВО АРМИСКИОТ СЕКТОР

    ЗЕЛЕНСКИ НАЈАВИ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО ВОДСТВОТО НА УКРАИНА, НЕ САМО ВО АРМИСКИОТ СЕКТОРЗеленски викендов го посети селото Роботине на првата линија на фронтот во Запорожје (Фото: кабинет на Зеленски)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека планира да направи „ресетирање“ и смена на неколкумина високи функционери, што доаѓа среде шпекулациите дека тој се подготвува да го отпушти шефот на војската Валери Залужни.

    Ресетирањето е неопходно. Зборувам за смена на одреден број државни лидери, не само во армискиот сектор“, изјави Зеленски.

    Во последните недели сѐ почесто се шпекулира дека Зеленски планира да го смени популарниот заповедник на вооружените сили, но тој сега кажа дека промените ќе одат подалеку од само еден човек, во обид да се засилат напорите за победа над руските трупи.

    Кога зборам за промени, на ум имам нешто сериозно, што не се однесува само на еден човек, туку на целото водство на земјата. За да ја добиеме војната сите мора да притиснеме во иста насока, не смееме да бидеме обесхрабрени. Негативноста мора да ја оставиме дома“, кажа Зеленски.

    Разлики во водството на Украина се појавија откако долгоочекуваната противофанзива не донесе значајни придобивки. Залужни во ноември призна дека војната е во ќор-сокак, што го налути Зеленски.

    Зеленски исто така рече дека некои украински институции ја спречуваат земјата да ги постигне своите цели, вклучително и напорите да се изгради ефикасна борбена сила преку непопуларни мерки како што е масовна мобилизација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира