ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДНА АФРИКА НАЈАВУВААТ ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО НИГЕР АКО ПУЧИСТИТЕ НЕ СЕ ПОВЛЕЧАТ ДО УТРЕ

    ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДНА АФРИКА НАЈАВУВААТ ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО НИГЕР АКО ПУЧИСТИТЕ НЕ СЕ ПОВЛЕЧАТ ДО УТРЕДел од населението го поддржа пучот и протестираше против Франција (Фото: Гети)

    Шефовите на војските на западноафриканските држави подгвотиле план за воена акција во Нигер ако пучистите не се повлечат до утре, објави регионалниот блок ЕКОВАС. Ова следува откако пропаднаа обидите за посредување во кризата која му се заканува на целиот регион и го привлече вниманието на светските сили.

    Економската заедница на западноафриканските држави им даде рок на лидерите на пучот да се повлечат до недела и да го вратат демократски избраниот претседател Мохамед Барзум, кој се наоѓа во притвор. Блокот зазеде цврст став кон минатонеделниот пуч, седми во западна и централна Африка од 2020.

    Франција кажа дека ќе ги поддржи напорите на ЕКОВАС за враќање на досегашната власт, но не прецизираше дали тоа значи и воена помош.

    Според планот за интервенција, одлуката кога и каде ќе се удри ќе ја донесат шефовите на државите и нема да им биде најавено на лидерите на пучот“, изјави Абдел-Фатау Мусах, комесарот за политички работи на ЕКОВАС, во кој членуваат 15 земји.

    Нигер има стратешко значење за САД, Кина, Русија и Европа зашто располага со значајни залихи на ураниум и гас и има клучна улога во борбата против исламистите во регионот Сахел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира