Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала попладнево во 14.46 часот по македонско време е регистриран во морскиот дел на Света Гора.
Според Геодинамичкиот институт и Сеизмолошката станица на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, епицентарот на потресот бил на 7 километри западно од Кареја, на длабочина од 12,5 километри.
Станува збор за најсилниот потрес регистриран во регионот од минатото лето, кога почна сеизмичка секвенца на Света Гора.
Силниот земјотрес ги потресе целиот полуостров Халкидики и градот Солун, а бил почувствуван и во крајбрежните области на Кавала.