Силен земјотрес од 5,7 степени ја стресе Босна и Херцеговина вечерва во 23.07 часот, според Геолошкиот топографски институт на САД.
Земјотресот беше почувствуван и во Македонија, особено во повисоките згради во Скопје.
Епицентарот е близу Љубиње, Република Српска, на 40-тина километри од Мостар. Медиумите од БиХ јавуваат дека земјотресот најсилно се почувствувал во Херцеговина, а во Мостар луѓе излегле на улица во паника.