Силен земјотрес од 6.5 степени ја погоди централната провинција Умбрија во Италија, јави агенцијата АНСА.
Епицентарот е на 10 километри од Норча, 132 километри северно од Рим. Удрил во 7.40 часот.
Уште нема податоци за евентуални повредени или мртви.
Земјотресот се случува по два месеци од големиот потрес во кој загинаа близу 300 луѓе. Земјотресот од 6.2 степени на 24 август речиси го срамни со земја гратчето Аматриче во централна Италија.
Утринскиот земјотрес бил толку силен што се почувствувал на голема далечина, речиси по целата линија на чизмата, од Болцано до Пуља, јавува АНСА. Репортерите јавуваат дека многу граѓани на Рим се излезени на улица.