ЗЕМЈОТРЕС ОД 7,6 СТЕПЕНИ ЈА ПОГОДИ ЦЕНТРАЛНА ЈАПОНИЈА, ИЗДАДЕНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЦУНАМИ

    ЗЕМЈОТРЕС ОД 7,6 СТЕПЕНИ ЈА ПОГОДИ ЦЕНТРАЛНА ЈАПОНИЈА, ИЗДАДЕНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЦУНАМИНа некои места се очекуваат бранови високи до пет метри (Фото: АП)

    Јапонија издаде предупредување за цунами откако земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтерова скала го погоди централниот дел на земјата. На жителите на крајбрежната област Ното во префектурата Ишикава им е кажано веднаш да се евакуираат на повисоки подрачја.

    Државната телевизија „НХК“ објави дека бранови високи до пет метри би можеле да стигнат до Ното. Засега нема информации за штети.

    Властите објавија предупредување за цунами и за соседните префектури Ниигата и Тојама, каде што се очекуваат бранови високи до три метри.

    Најголемиот државен оператор за нуклеарна енергија „Кансаи електрик“ објави дека не се забележани абнормалности во нуклеарните централи во погодените подрачја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира